Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗГЛЕДА НАВИСТИНА СЕ СУДЕЛО ВО ШТАБОТ НА СДСМ НАМЕСТО ВО СУД Јанкуловска остро ѝ возврати на опозициската партија
Македонија

ИЗГЛЕДА НАВИСТИНА СЕ СУДЕЛО ВО ШТАБОТ НА СДСМ НАМЕСТО ВО СУД Јанкуловска остро ѝ возврати на опозициската партија

29/11/2025

AA

Според реакцијата на СДСМ, изгледа сепак таму се судел предметот, а не во Кривичниот суд, остро возврати поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на соопштението на опозициската СДСМ, во кое партијата го релативизира фактот што Европскиот суд за човекви права отвори постапка за тоа дали ексминистерката имала правично судење. За предметот „Тенк“, за набавка на мерцедес за Владата, судијката Добила Кацарска на Јанкуловска ѝ пресуди 6 години затвор, што Јанкуловска ги одлежа во Идризово.

СДСМ не треба да се чувствува засегнат од нејзината апликација до Европскиот суд за човекови права.

„Зошто СДСМ би се нашле засегнати и повикани за коментар за апликација пред ЕСЧП, во која се бара да се утврди повреда на Правото на правично судење која ја сторила некоја ‘независна’ судијка во некој предмет што се водел пред Кривичниот суд, небаре предметот се судел кај нив во штаб? Ама според реакцијава, изгледа сепак таму се судел“, напиша Јанкулоска.

Претходно Јанкуловска изјави дека почитувањето на процесните правила, доказите и материјалното право во предметот против неа „беа на значително пониско ниво од она што го имале Нирнбершките процеси во времето во кое се случувале, па дури и на пониско ниво од судењата за време на Информбирото во однос на остварување на процесните права.

  • ЗЛОТВОРИТЕ МОРА ДА ОДГОВАРААТ ЗА СВОИТЕ БЕСТИЈАЛНОСТИ Гордана Јанкулоска и Влатко Илиевски остро го коментираат писмото од Судот во Стразбур

На оваа критика за судството се јави СДСМ кој соопшти дека изјавите на  Јанкуловска „се единствено и само потсвесни, од аспект на тоа што тие процеси биле насочени против нацистите и злосторниците од тогашната нацистичка Германија“.

„Ситуацијата со апликацијата на Јанкуловска пред Европскиот суд за човекови права е правен механизам што секој граѓанин има право да го искористи. Станува збор за формално дозволување на една апликација – чекор кој претставува само утврдување дека се исполнети процесните услови за Судот евентуално да пристапи кон суштинска анализа. Ништо повеќе. Како партија, сметаме дека во оваа фаза не е ниту потребно, ниту етички, ниту правно основано да се коментира материјалната суштина на предметот. „Апликантката“ која денес зборува за човекови права беше токму таа која ги газеше“, соопшти СДСМ.

 

„БОМБИТЕ НА ЗАЕВ“ И „ПОТПИСОТ НА СЈО“ ГО КОМПРОМИТИРАЛЕ СУДСКИОТ СИСТЕМ Гордана Јанкулоска ја доби првата голема битка во храмот на европската правда во Стразбур

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45298
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy