Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија
Македонија

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

30/01/2026

AA

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, заменик шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, беше изгласана Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Северна Македонија. Текстот на Резолуцијата во име на Мониторинг комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од политичката група на Социјалистите  и Џозеф О’Рајли од Ирска од Европските народни партии.

Во текстот се наведува дека Парламентарното собрание го признава одржливиот напредок на Северна Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на постмониторинг дијалогот во 2000 година. Врз основа на ова, Собранието одлучи да го затвори постмониторинг дијалогот со Северна Македонија и да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.

Мониторинг комисијата или долгото име: Комисија за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа, има важна улога да го следи исполнувањето на обврските преземени од страна на земјите членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции склучени во рамките на Организацијата на кои земјите членки се обврзале.  

Значењето на мониторинг процесот е нагласен и во односите меѓу Советот на Европа и Европската Унија. Односно, постои координиран пристап во мониторинг механизмите како во Советот на Европа, односно Парламентарното собрание и неговите комисии, Комитетот на министри, Конгресот на локалните и регионални власти, Венецијанската комисија, така и со ЕУ и другите меѓународни организации. Постои блиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ и заради тоа исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се сметаат за битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на одредена држава.

            Во дебатата за оваа точка учествуваа сите членови на Делегацијата на Собранието. Иванка Василевска ја  истакна посветеноста на државата кон европските вредности, демократските реформи и конструктивната соработка во рамки на Советот на Европа, а  затворањето на постмониторинг дијалогот го оцени како признание за долгорочните напори. Таа се осврна на постигнатиот напредок во демократските процеси преку фер избори, мирна смена на власта, изборот на првата жена претседател и конкретните резултати во борбата против корупцијата, потврдени од ГРЕКО. На крајот нагласи дека изгласувањето на резолуцијата е  потврда на напредокот, мултиетничкиот и инклузивен карактер на државата и нејзината континуирана посветеност на реформите.

Беким Ќоку го поздрави завршувањето на постмониторинг дијалогот за Северна Македонија како значаен успех не само за државата, туку и за целиот Западен Балкан. Тој нагласи дека реформите и доследната посветеност кон стандардите на Советот на Европа носат конкретни резултати и ја зајакнуваат демократијата и стабилноста во регионот. Ќоку нагласи дека Северна Македонија е доверлив европски партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и посветена на европската интеграција. Своето обраќање го заврши со поздравување на резолуцијата како признание за постигнатиот напредок и поттик за продолжување на реформите во сите земји од Западен Балкан.

Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека оваа резолуција  со која  се затвора процес по 25 години е резолуција за секој политичар кој некогаш бил или е на власт, дека ја отсликува состојбата, но и желбата на граѓаните да бидат дел од Европската Унија. Таа кажа дека се надева дека со усвојувањето на оваа резолуција, сите политичари во државата, особено власта, добиваат јасен знак дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија и тоа треба да се случи час поскоро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата ќе го обесштети фармерот од Костурино чии јагниња и

30/01/2026
Македонија

Внимавајте: Одрони на патот Берово – Струмица, густа магла кон

30/01/2026
Македонија

ПАРИТЕ НА ЛОВЦИТЕ ЗАВРШИЛЕ ВО НЕГОВ ЏЕБ Претседател на ловечко

30/01/2026
Македонија

Здружение на јавни обвинители: Со лаги и вулгарности се врши

30/01/2026
Македонија

Утре протест во Скопје, овие улици ќе бидат затворени!

30/01/2026
Македонија

Мицкоски: За минималната плата мора да се постапува исклучиво според

30/01/2026
Македонија

УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО БРИСЕЛ Затворање на пост-мониторинг дијалогот

30/01/2026
Македонија

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија

30/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40809
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата ќе го обесштети фармерот од Костурино чии јагниња и овци се удавија при поплава

30/01/2026

Владата ќе го обештети фармерот Никола од Костурино чии 220 јагниња и овци се удавија при поплава која го погоди

Внимавајте: Одрони на патот Берово – Струмица, густа магла кон Попова Шапка!

30/01/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево)

ПАРИТЕ НА ЛОВЦИТЕ ЗАВРШИЛЕ ВО НЕГОВ ЏЕБ Претседател на ловечко друштво осомничен дека присвоил над

30/01/2026

Претседател на ловечко друштво од Струмица е осомничен дека во период од две години присвоил над 1,3 милиони денари од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy