
Изет Меџити официјално ја објави кандидатурата за градоначалник: „Чаир е повик што не можам да го одбијам“
Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, денеска и официјално објави дека влегува во трката за градоначалник на општина Чаир.
„Чаир е повик што не можам да го одбијам! Чаир е обврска што со понизност ќе ја исполнувам! За Чаир прифатив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу моите луѓе. Верувам и сигурен сум дека ја направив вистинската и исправна одлука“, изјави Меџити.
Тој истакна дека општината има потреба од лидер кој ќе биде постојано присутен меѓу граѓаните и кој активно ќе работи за подобрување на нивниот секојдневен живот.
„Луѓето од Чаир заслужуваат градоначалник кој бил, е и ќе остане секогаш меѓу нив“, додаде тој.
Меџити својата кандидатура ја заокружи со порака до граѓаните:
„Победа. За Чаир. Нека ни е со среќа!“