Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗДАДЕНИ СЕ НАД 4.600 РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ: Од кои земји „увезуваме“ работници?
Економија

ИЗДАДЕНИ СЕ НАД 4.600 РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ: Од кои земји „увезуваме“ работници?

09/11/2023

AA

Странци од
различни земји веќе работат во Македонија и тоа во повеќе сектори.

Од Агенцијата за вработување
потврдуваат дека заклучно со 6 ноември годинава, се издадени 4.629
работни доволи на странски државјани. На македонскиот пазар на труд има турски,
косовски, албански, индиски, но и руски и украински работници.

„Работниците најмногу се
ангажирани од следниве држави: Турција, Косово, Србија, Албанија, Индија, Грција, Бугарија, Непал, Украина и Русија.
Најангажирани
се работници од следниве професии: управител, градежен работник, тесар, електричар, армирач, менаџер, фудбалер и оператор на машина. Работниците
се ангажирани во следните градови: Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Велес и Гевгелија. Инаку,
во континуитет пристигнуваат барања во врска со вработување на странски
државјани, кои тековно се решаваат“, велат од Агенцијата за
вработување.

За кризата со работници се говори со години. Во одредени сектори нема
подмладок и тоа создава проблеми за бизнисот.

Maријана Перковска од Текстилниот кластер вели дека треба да се поeдностават административните
процедури за увозот на работна сила. Да можат во што пократок рок да обезбедат
работници, тие да почнат со работа затоа што нема време за чекање.

„Процедурата
мора да се поедностави затоа што за 3-4 месеци некоја фирма може да се затвори, бидејќи нема кој да работи. Одговараат работници од Индија, Непал, Бангладеш,
таму каде има индустрија, затоа што нас ни требаат обучени работници. Тие
сакаат да работат повеќе од 8 часа дневно и самите кажуваат дека доаѓаат да
заработат повеќе и потоа да си одат“, вели Перковска.

Како
пример наведува дека и Германија ги олесни процедурите за странци, а во земјава добро би
било да можат целата процедура да ја обават во една институција, да не трчаат
од шалтер на шалтер за прибирање на документи.

Oд ХОТАМ велат дека бројот на
странски работници во туризмот е мал, а потребно е да има повеќе кадри. Владата
неодамна ја зголемила квотата за
работни дозволи на странци од 5.000 на 7.000.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy