Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Издаден метео аларм за делови од Македонија, еве какво време не очекува во наредните денови
Македонија

Издаден метео аларм за делови од Македонија, еве какво време не очекува во наредните денови

20/01/2024

AA

Издаден метео аларм за врнежи од снег и ветер за Полошкиот и југо-западниот дел од Македонија.

Во Македонија денеска утринските часови облачно време со врнежи од дожд, над 800 метри со врнежи од снег. Во претпладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и до крај на денот насекаде се очекуваат врнежи од снег, освен во крајните југоисточни предели каде што во поголем дел од денот врнежите ќе бидат од дожд, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во врнежи од снег, прогнозираат од Weather4all.mk за 4NEWS.mk

Во текот на ноќта сабота кон недела врнежите од снег ќе продолжат. Ќе дува засилен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Максималните температури се очекуваат во утринските часови кога ќе биде и најтопло со температури од 2 до 8 степени, додека пак во текот на денот температури ќе бидат во опаѓање и најстудено ќе биде кон крајот на денот, кога температури ќе се движат во интервал од -7 до 1 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Поради врнежите од снег во текот на целиот ден се препорачува да се избегне патување, доколку се патува да се следат препораките за возење во зимски услови. Товарните возила би требало да ја почитуваат препорака за забрана на движење во зимски услови. Голема внимателност и во вечерните часови и во текот на ноќта сабота кон недела поради ниските температури појава на умерен мраз и можна е појава на голомразица.

Во недела во раните утрински часови врнежите од снег ќе престануваат и постепено намалување на облачноста и во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и студено време. Минималните температури ќе се движат во интервал од -11 до -3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 1 до 7 степени.

Во понеделник и вторник ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -12 до -4 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури од 0 до 6 односно од 2 до 8 степени.

Во Македонија во среда ледено утро и појава на умерен мраз со утрински температури од -8 до 0 степени. Во текот на денот претежно сончево време со локална облачност и дневни температури од 3 до 9 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy