Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал
Македонија

Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

25/02/2023

AA

Атанас Костуранов и Катерина Јовановска се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот макенбал кој се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица.

Тие вечер (18:30 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. Од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов тие добија медал со логото на карневалот.

На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со неговата девојка Гордана Георгиева беа маскирани како Тито и Јованка Броз, додека пријателите од неговата група беа Гадафи, Хитлер, Фидел Кастро, Че Гевара и други историски личности.

Коистадинов рече дека маската нема порака, туку дека е повеќе политичка сатира, а ликовите од историјата нека си останат таму.

-Вечерва се случи бришење на на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот во хотелот „Сириус“, и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат. Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија,Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака. Им честитам на новоизбраните принц и принцеза Атанас Костуранов и Катерина Јовановска и им посакувам незаборавно учество во царската свита, на утрешната интернационална карневалска поворка, рече струмичкиот градоначалник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40600
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили алкохол, велат од Брзата помош

25/01/2026

Синоќа околу 23:50 часот на улицата Гоце Делчев во Охрид, патнички автомобил удрил во 49-годишниот Б.С., кој бил пешак. Возачот

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили алкохол направила хаос во семејниот

25/01/2026

30-годишна жена од Кавадарци утрово била приведена откако, според пријавата, со остар предмет го повредила својот сопруг во семејниот дом.

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица

25/01/2026

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy