Избрани Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација
Попладнево Собранието попладнево ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација.
Тие доаѓаат на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.
И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.