Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изборот на претседател на Уставен суд „заглави“ – низа иницијативи чекаат да бидат разгледани, а граѓаните и фирмите трпат штети
Економија

Изборот на претседател на Уставен суд „заглави“ – низа иницијативи чекаат да бидат разгледани, а граѓаните и фирмите трпат штети

03/06/2024

AA

Изборот на нов претседател веќе неколку дена заглавен во ќорсокак. Уставните
судии никако да изберат претседател. Гласањето за нов претседател „заглави“
откако уставните судии Татјана Васиќ Бозаџиева, Ана Павловска Данева и Осман
Кадриу, не ги добија потребните гласови. Најблиску до претседателска позиција
во Уставниот суд дојде уставната судијка Васиќ Бозаџиева, но за еден глас не ја
доби позицијата. Гласањето ќе продолжи во текот на утрешниот ден, но јавноста
станува загрижена дека се одолговлекувапостапката за иницијативи кои чекаат да
бидат разгледани. Штетите паѓаат на грбот на граѓаните и на бизнис секторот.
Таков е случајот со поднесените иницијативи за преиспитување на уставноста на
членот 368 од Законот за облигациони односи.

За преиспитување на уставноста на овој член од Законот се поднесени три
иницијативи. Во поднесената иницијатива од лицето Доне Лазаревски, сопственик
на фирма, е образложено дека наведените законски измени негативно влијаат на
понатамошното работење на фирмите, со оглед дека стоките уредно се
испорачувани, а не можат да се наплатат како резултат на застарувањето на
долгот. Претходно беа поднесени две иницијативи, едната од адвокатот Љупчо
Кузмановски и втората од Предраг Баришиќ.

Според експертите, членот 368 од Законот за облигациони односи е
дискриминирачки и спротивен на Уставот. Отписот на долговите постари од 10
години, што се предвидува во овој член, претставува рушење на правниот поредок
и создава услови за финансиска недисциплина. Ваквото законско решение ќе
создаде големи проблеми за компаниите, особено за оние што редовно ги плаќале
сите свои обврски, а ќе биде во прилог на должниците. Како резултат на оваа
правна контрадикторност многу мали и средни компании кои работеле повеќе од три
децении се соочуваат со затворање на своите бизниси. И не само компаниите, на
удар се и многу граѓани кои ќе бидат оштетени од овој член од Законот за
облигациони односи. Оштетена ќе биде и државата која по основ на отпис на
долгови ќе изгуби огромни средства, со што дополнително ќе го оштети државниот
буџет и ќе предизвика стагнација на развојот.

Со реакција за штетните последици од членот 368 од Законот за облигациони
односи јавно истапија и Адвокатската комора на Македонија и Стопанската комора
во име на реалниот сектор. Допис со назнака за селективност на законските
решенија е испратен до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за
спречување на корупцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy