Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Изборот на консултант и надзор над „Бехтел и Енка“ оценет за еден од „матните“ настани во март
Македонија

Изборот на консултант и надзор над „Бехтел и Енка“ оценет за еден од „матните“ настани во март

07/04/2023

AA

Изборот на консултант и надзор над изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10-д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ е оценет за еден од „матните настани“ за март, покажала анкетата за корупција на „Транспаренси Интернашнал-Македонија“ во рамки на проектот „Бистро-Матно“.

Во анкетата се наведува дека неколку од партнерските комании во победничкиот конзорциум за надзор над изградбата на коридорите, предводен од „ИРД инженеринг“, имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа.

„Меѓународниот конзорциум ‘ИРД инженеринг’ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум ‘Бехтел и Енка’. Понудата на ‘ИРД инженеринг’ е во износ од 1 374 304 070 денари (22,35 милиони евра). Неколку партнерски фирми во конзорциумот имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа“, пишуваат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“.

Од друга страна пак, како „бистри настани“ за март е и отворениот предмет од страна на ОЈО за надзорот над изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“.

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) по допрен глас отвори предмет за надзорот над изградбата на автопатите, кои се дел од коридорите 8 и 10-д. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката“, посочуваат од таму.

Меѓу останатите „матни настани“ за минатиот месец се констатираниот судир на интереси на Агенцијата за филм при распределба на средствата за ланскиот конкурс и застарување на судски предмети.

Четвртиот „матен настан“ е поврзан со тројцата ексдиректори од случајот „Маѓар телеком“ осудени во отсуство на по осум години затвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy