
Изби пожар во скопско Студеничани, опожарен кров и втор кат од куќа
Денеска 13.01.2024 околу 00.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Студеничани, скопско настанал пожар, при што бил опожарен кров и втор кат од куќа сопственост на И.Ф.(49) од с.Студеничани, скопско.
Извршен бил увид од увидна екипа при СВР Скопје, а од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот бил изгаснат.
Повредени лица нема.