
Изби пожар во познат ресторан во Струмица, гостите во паника бегаа!
Попладнево изби пожар во познат ресторан во Струмица.
Се работи за познатиот пица ресторан „Хепинес“.
Според информациите, настанал пожар додека внатре имало гости, при што сите во паника заминале.
На социјалните мрежи се јави и Живко Динев кој истакна дека за среќа сите се здрави и живи.
„Драги пријатели не можам на сите да одговорам… Фала на Господ сите сме живи здрави, имаше пожар во пицеријата ХЕПИНЕС но не е толку страшно како што е прикажано на медиумите… Запален е еден мал дел од кујната и со брза реакција на противпожарната служба од Струмица пожарот е изгаснат… Ви благодарам на сите за поддршката…“, вели тој.