Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Избегал веднаш откако го пуштиле на викенд: Во Косово приведен македонски државјанин, се бара за тешко убиство
Македонија

Избегал веднаш откако го пуштиле на викенд: Во Косово приведен македонски државјанин, се бара за тешко убиство

21/04/2024

AA

Во Косово денеска е приведен државјанин на Македонија, за кого Интерпол, на барање на македонската полиција, распиша меѓународна потерница.

Потерницата е затоа што осуден за тешко убиство не се вратил на издржување на казната откако бил пуштен на викенд.

Основниот суд во Урошевац соопшти дека го одобрил барањето на Основното обвинителство од истиот град за определување мерка притвор против лицето идентификувано со иницијали Н.Е., побарано од властите на Република Македонија, врз основа на меѓународна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

Од таму велат дека по одржување на распит и анализа на списите на случајот, судијата во претходна постапка на Одделот за тешки кривични дела, оценил дека постои основано сомнение дека е распишана меѓународна потерница по истото лице од Интерпол, со барање од 7 март 2022 година на Република Македонија, поради кривично дело тешко убиство, кое кривично дело е предвидено и со Кривичниот законик на Република Косово.

„Во врска со ова, обвинетиот Н.Е., е осуден на затворска казна од страна на Судот во Скопје, каде што ја издржува казната веќе неколку години, така што уште без да ја издржи казната во целост, во моментот кога бил пуштен на слобода за на посета, избегал од Република Македонија. Судијата во претходна постапка го одобри барањето на државниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот согласно член 22 став 1 од Законот за меѓународна правна соработка во кривична материја (Закон бр.04/Л -213) и на истиот му е одредена мерка притвор во траење од четириесет дена. Во овој случај се известуваат странките дека жалбата против ова решение не го одложува неговото извршување“, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy