Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ивановска: Убијците на Росица и нејзиниот татко имаат име и презиме, а тие се неодговорноста и корупцијата!
Македонија

Ивановска: Убијците на Росица и нејзиниот татко имаат име и презиме, а тие се неодговорноста и корупцијата!

18/09/2025

AA

„Убијците на Росица и нејзиниот татко имаат име и презиме, а тие се неодговорноста и корупцијата. Професионална истрага треба да покаже кој од овие фактори преовладувал или пак и двата заедно довеле до тоа Росица веќе да не е меѓу нас,“ изјави денеска пред МВР поранешната претседателка на Антикорупциската комисија и кандидатка за градоначалник на Општина Центар, Билјана Ивановска.

Таа посочи дека корупцијата е длабоко вкоренета во сите пори на општеството и порача државата да преземе мерки за прекинување на, како што рече, „заднинско-политичките мрежи“ кои ја хранат корупцијата.

„За тоа е потребна волја, и тоа не само политичка, туку и граѓанска. Нашите заложби се насочени кон надминување на слабостите кои создаваат високо ниво на корупција. Пред сѐ, потребно е подигнување на свеста и интегритетот на граѓаните. Институциите мора конечно да профункционираат професионално, со сите услови за работа, и да престанат да бидат заложници на партиско-политичките влијанија,“ истакна Ивановска.

Таа додаде дека очекува внатрешните контроли во институциите што биле дел од процесот да утврдат каде настанале пропустите и јавно да ги посочат одговорните лица кои придонеле за трагедијата.

Носителката на листата за Град Скопје од „Независни заедно“, Јана Белчева, рече дека заедно со Ивановска, како кандидати на локално ниво, се обврзуваат да постават нов принцип на работење со цел да ја вратат безбедноста кај граѓаните.

Според Белчева, превенцијата е најважната задача на локалната самоуправа и таа нагласи дека и во Општина Центар и во Град Скопје ќе работат на создавање безбеден град.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy