Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ивановска не ги дава гласовите: Секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас
Македонија

Ивановска не ги дава гласовите: Секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас

25/10/2025

AA

Кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, која изборната трка ја заврши во првиот круг со освоени 4.465 гласа, порача дека нема да ги повикува граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин има своја одговорност и право на избор.

„Голем број граѓани препознаа вредности и без особена кампања, затоа што тоа се свесни луѓе кои наместо да негодуваат, преземаат акција и одговорност. Кој и да победи, важно е да ги штити јавните интереси и уставното право на здрава животна средина, како и активно учество на граѓаните во донесувањето одлуки“, изјави Ивановска на прес-конференција, одржана заедно со избраните советници од платформата „Независни заедно“.

Таа нагласи дека охрабрува фактот што во Центар постои критичка маса граѓани кои не размислуваат по партиски шеми, туку се подготвени сами да придонесат за промени.

Во таа насока, Ивановска истакна дека е неопходно да се ревидираат и усогласат деталните урбанистички планови со Генералниот урбанистички план, а дозволите за градба кои се издадени врз основа на несоодветни планови треба да бидат јавно објавени.

„На располагање ѝ ја ставаме на Општината мапата што ја изработи иницијативата ‘Шанса за Центар’, со евидентирани над 150 градби. Општината треба само да ја одржува и ажурира таа мапа“, додаде таа.

Ивановска најави дека советниците од „Независни заедно“ ќе делуваат конструктивно и транспарентно, ќе поддржуваат проекти од интерес на граѓаните, но ќе бидат и „гласни критичари на сите сомнителни одлуки“.

Носителката на советничката листа за Град Скопје, Јана Белчева – Андреевска, најави дека платформата ќе продолжи со собирање потписи за регистрација како граѓанско-политичко здружение.

„Поради нееднаквите услови и бројните препреки за независните кандидати, како и поради намаленото ниво на демократија, решивме да ја институционализираме платформата ‘Независни заедно’. Ги повикуваме сите независни групи низ земјата да ни се приклучат“, изјави Белчева – Андреевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy