Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иванов се обрати на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин
Македонија

Иванов се обрати на Светскиот форум за демократија и мир во Берлин

18/02/2023

AA

Поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествува на Светскиот форум за демократија и мир 2023 што се одржува во Берлин во периодот 16-18 февруари 2023 година. Форумот е во организација на Академијата за културна дипломатија, а на настанот учествуваат голем број поранешни претседатели, премиери, политичари, кои дебатираат на темата „Зголемени закани за демократијата насекаде низ светот“.

Иванов имаше обраќање на главната тема на форумот, а посебно се осврна на темата на неговото излагање, „Преживување на демократијата“. Во обраќањето, Иванов рече дека општ заклучок на сите годишни извештаи и демократски индекси за 2022 година е дека светот станува сѐ помалку демократски. Демократијата секаде се соочува со опаѓање, додека автократијата е во пораст. На глобално ниво бројот на земјите кои се движат кон авторитаризам, во последните шест години е двојно поголем од бројот на земји кои се движат кон демократија. Се влошуваат граѓанските слободи и владеењето на правото, а авторитарните влади стануваат сѐ повеќе репресивни. Претседателот Иванов нагласи дека светот се соочува со повеќе кризи истовремено, почнувајќи од порастот на трошоците за живот до ризикот од нуклеарен конфликт. Овие кризи доведуваат до опаѓање на демократските стандарди во светот и предизвикуваат ерозија на демократијата. Високата инфлација, економските проблеми, кризите во снабдување со енергија, кризата со храна, опаѓањето на животниот стандард, двојните стандарди во однос на миграцијата и бегалците. На глобално ниво демократијата се соочува со различни закани, а сѐ поактуелен станува проблемот со легитимноста на изборните резултати, ограничувањето на слободите и правата на интернет, тврдокорната корупција, растот на екстремни политички партии. Иванов потенцираше дека во повеќе земји постои голема политичка поларизација, дисфункционалност на институциите и загрозување на граѓанските слободи и права, а како најсуштествени актери за јакнење на автократските системи и ерозијата на демократските норми се посочуваат политичките и економските елити кои сакаат да го заштитат својот клиентелистички и корумпиран систем. Треба секогаш да се има предвид фактот дека демократијата не е постојана и статична состојба, туку е во постојано движење и претставува процес на промена и усовршување. Затоа, претседателот Иванов рече, дека мора да го проценуваме и да го развиваме демократскиот систем во согласност со потребите и предизвиците на нашето време, за да можеме да го заштитиме и усовршиме како држави и како меѓународна заедница. Претседателот Иванов за време на посетата одржа повеќе средби со учесниците на Форумот, како и со организаторите на настанот.

Светскиот форум за демократија и мир (2022-7) е 5-годишен проект кој се одвива почнувајќи од јули 2022 година и го спроведува Академијата за културна дипломатија во соработка со глобални меѓународни организации, национални влади, меѓународни корпорации и водечки академски институции. Институтот за културна дипломатија е основан во 1999 година во САД и е меѓународна, непрофитна, невладина организација со седиште во САД и Германија. Според Институтот, културната дипломатија одамна е препознаена како главен инструмент за промовирање на меѓукултурните врски меѓу земјите, заедниците и народите. Институтот за културна дипломатија е основан со цел да ја промовира културната дипломатија на глобално ниво, а со тоа да придонесува за постигнување глобален мир преку зајакнување на меѓукултурните односи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе

11/02/2026
Македонија

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе

11/02/2026
Македонија

„НЕ САМО ШТО СЕ ПОВРЗАНИ СО ДРОГАТА, ТУКУ И ПРЕТЕРАНО

11/02/2026
Македонија

НЕ, ТОА БИ БИЛО РАДИКАЛНО Владата не размислува да забрани

11/02/2026
Македонија

Моја немам, ја користам колата од родителите рече Касами и

11/02/2026
Македонија

Касами утре одлучува за својата позиција во Владата

11/02/2026
Македонија

„Кучињата го влечеа детето 200 метри“: Вујкото на искасаното дете

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41354
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во партијата има група платена од

12/02/2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на вечерашната средба во Штип со општинските организации од изборната единица 3, порача дека

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 14 СТЕПЕНИ Променливото време ќе трае до крајот на седмицата

11/02/2026

Времето во четврток, 12 февруари, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на

Стрелките на часовникот ќе одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на

11/02/2026

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy