
ИВАН ПЕТРОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА – нема повеќе да биде заменик директор во „Фершпед“
Сопственички промени се случиле во шредитерската компанија „Фершпед“.
Имено, како што е објавено на Македонската берза, извршниот член на Одборот на директори на „Фершпед“, кој беше и заменик генерален директор одговорен за водење на комерцијалното работење на друштвото, си поднел оставка од својата функција.
„Фершпед АД Скопје известува дека
Иван Петровски поднесе оставка од функцијата Извршен член на Одборот на
директори – Заменик генерален директор одговорен за водење на комерцијалното
работење на друштвото. Направен е упис на промена во Централниот регистар на
РСМ“, се вели во објавата од компанијата до Македонската берза.
Инаку, во објавата нема наведено причина зошто Петровски ја напушта функцијата по само пет месеци на позицијата заменик генерален директор на шпедитерската компанија.
Како што своевремено објави Фактор, на почетокот на август оваа година Иван Петровски беше именуван на функцијата заменик генерален директор на Фершпед, кој веќе бил извршен член на Одбор на директори.
Тогаш Драган Наков беше именуван за генерален директор на компанијата.
Н.Н.Ф.
