Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Иуте Кредит Македонија се ребрендира во Иуте, зајакнувајќи ја улогата на лидер во дигиталната трансформација во повеќе сфери на финансиското работење
Македонија

Иуте Кредит Македонија се ребрендира во Иуте, зајакнувајќи ја улогата на лидер во дигиталната трансформација во повеќе сфери на финансиското работење

21/12/2023

AA

Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со  седиште во Талин, официјално започна со процесот на ребрендирање по чиешто комплетирање ќе продолжи да работи под името Иуте. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе се понудат платежни услуги и осигурување.

„Ребрендирањето на компанијата од Иуте Кредит во Иуте е резултат на влегување во нови бизнис сегменти на работење, со што како финтек компанија стануваме многу повеќе од компанија за кредитирање на населението. Овој процес е овозможен преку европската директива PSD која има за цел да донесе единствен платен пазар во Европската Унија и со која е усогласен и нашиот закон за платни системи и платежни услуги. Сево ова значи отворање на голема врата за амбициозните идни планови и за Иуте Македонија. На овој начин ќе станеме вистински и целосен финансиски сервис на граѓаните“, изјави  извршниот директор на Иуте, Биљана Мишиќ.

Од Иуте најавуваат дека ќе продолжат со позитивната трансформација на финансискиот пазар  со цел подобрување на финансиската моќ на граѓаните и нивна финансиската инклузија, со понуда на нови услуги и креирање на сосема поразлично дигитално корисничко искуство. Преку високи професионални стандарди, Иуте ќе продолжи да ја извршува својата кредитна дејност на одговорен и транспарентен начин кој не доведува до финансиска презадолженост на населението. За квалитетното управување со ризикот говори фактот што наплатата на обврските до 30 дена изнесува близу 90% од портфолиото на друштвото, односно над 90% на исплатите од тековната година. Компанијата ќе ја усовршува и својата платформа за е-трговија  ширејќи ја партнерската мрежа, која веќе сега вклучува над 650 продажни места. Системот за плаќања на компанијата „Купи сега, плати подоцна“ преку QR код е широко прифатен, како наједноставен и најсигурен начин за купување на рати каде во старт, без скриени трошоци, секој купувач ја знае висината на ратата, односно трошокот кој треба да го плати.

„Изминативе години работевме напорно и посветено за да обезбедиме врвно корисничко искуство, напредни дигитализирани услуги и партнерства кои денес го олеснуваат животот на граѓаните и компаниите. И понатаму ќе продолжиме да бидеме најбрзиот, најкомфорниот и најтранспарентниот провајдер на финансиски услуги, не само во делот на кредитирањето, туку и пошироко. Нашата цел, како лидери на пазарот е да продолжиме да се бориме за одговорно кредитирање без презадолжување, финансиски да ги едуцираме граѓаните во однос на внимателно планирање на личните финансии и семејниот буџет, како и да охрабруваме унапредување на регулаторната рамка со цел подобрување на позицијата на индустријата. Иуте Кредит е воедно единствена финтек компанија на пазарот која поседува мобилна апликација преку која можат да се завршат буквално сите процедури, од информација, предодобрен лимит, до апликација, проверување на идентитетот преку напреден систем за електронска идентификација, се до дигитално потпишување на договорот. Горди сме што нашата апликација Myiute е една од најсимнуваните апликации во земјава, броејќи повеќе од 150 000 корисници“, вели Мишиќ.

Со ребрендирањето и најавата на идни планови, Иуте Кредит започнува ново поглавје во финтек револуцијата, црпејќи искуство, знаење и технологија од Иуте групацијата од Естонија,  дигитално најразвиената земја во Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy