Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИТНО ДА СЕ УНИШТАТ: Мандарини од Хрватска стопирани на граница со Србија, пронајден нелегален пестицид во нив
Регион

ИТНО ДА СЕ УНИШТАТ: Мандарини од Хрватска стопирани на граница со Србија, пронајден нелегален пестицид во нив

31/10/2023

AA

Пратка мандарини од Хрватска, која била наменета за извоз на српскиот пазар, била запрена на граница и наложено е да се уништат на безбеден начин, бидејќи при контролата било утврдено дека мандарините содржат нелегален пестицид хлорпирифос.

Алармот за штетноста на мандарините бил покренат од Системот за брзо предупредување за безбедност на храната на Европската унија (РАСФФ) каде е објавено дека во примероците од мандарина земени во Хрватска на 18 октомври биле пронајдени 0,044 мг на килограм пестицид хлорпирифос и дека е наредено да се уништат мандарините.

– Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврдија веста и соопштија дека ова е втора контроверзна пратка мандарини од Хрватска во кои е утврдено присуството на истиот пестицид, бидејќи уште една пратка, пред оваа за која се бара уништување, веќе била вратена во Хрватска – пишува „Блиц.рс“.

Пестицидот хлорпирифос е забранет во ЕУ од почетокот на 2020 година, а во Србија од минатата година, освен шеќерна репка, според одлуката на Министерството за земјоделство.

Како што е објавено на веб-страницата РАСФФ, пестицидот хлорпирифос е пронајден во примероците од мандарина земени на 18 октомври. Регистрирани се 0,044 mg/kg од овој пестицид.

Летово, поточно во август на хрватската граница беа стопирани праски, при што беше откриено високо ниво на пестицидот хлорпирифос во пратката со праски која пристигнала од Србија, па испораката била вратена. Медиумите објавија и дека на 7 јули праските произведени во Србија се вратени од границата со Словенија и дека било констатирано дека праските го содржат пестицидот хлорпирифос.

Фото: Принтскрин/РАСФФ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy