Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Италијанските компании имаат интерес за учество во енергетски проекти во Македонија – Средба Божиновска со италијанскиот амбасадор Палминтери“
Економија

„Италијанските компании имаат интерес за учество во енергетски проекти во Македонија – Средба Божиновска со италијанскиот амбасадор Палминтери“

10/02/2025

AA

Министерката за
енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари
работна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери.
Средбата беше можност за потврдување на континуираната билатерална соработка и
дискусија за можности за натамошно унапредување на заедничките иницијативи.

Министерката
Божиновска ја истакна важноста на соработката со Италија како еден од
стратешките партнери на Македонија. Таа нагласи дека досегашните успешни билатерални односи се добра основа за натамошно зајакнување на
енергетските врски меѓу двете земји, особено во насока на инвестиции во
обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на
инфраструктурата.

Амбасадорот Палминтери
изрази подготвеност за продлабочување на соработката и поддршка на
иницијативите што придонесуваат за енергетска сигурност и одржлив развој. Тој
нагласи дека италијанските компании имаат интерес за учество во енергетски
проекти во Македонија и ја потенцираше важноста на размената на искуства и
технологии како клучен сегмент во енергетската транзиција.

Во таа насока
амбасадорот ја информираше министерката Божиновска дека во Македонија во текот
на годината ќе биде организиран македонско италијански бизнис форум, каде една
од главните теми ќе биде и енергетиката. На форумот ќе присуствуваат голем број
компании од Италија и Македонија, што ќе претставува одлична можност за
споделување информации и продлабочување на соработката.

Двајцата
соговорници се согласија дека традиционално добрите односи меѓу
 Македонија и Италија претставуваат силна основа за понатамошна соработка,
а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува
посветено на привлекување нови инвестиции и имплементација на проекти што ќе
придонесат за енергетската стабилност и економскиот развој на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy