
ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари
објави дека ќе ги зголеми цените на некои модели за 10 отсто со цел да ги
ублажи ефектите од очекуваното зголемување на американските царини.
Цената на сите автомобили увезени во САД пред 2 април ќе
остане иста, соопшти компанијата.
По овој датум, цените за три модели – „Ferrari 296“, „SF90“
и „Roma“ – ќе останат непроменети, додека моделите „SUV Purosangue“, „12Cilindri“
и „F80“ ќе поскапат, се додава во соопштението.
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави
дека од 2 април ќе воведе царини од 25 отсто на автомобилите произведени надвор
од САД.
Ферари ги произведува сите свои автомобили исклучиво во
својата фабрика во Маранело.
Не е јасно какво влијание ќе имаат овие царини врз
продажбата на Ферари, бидејќи за повеќето од неговите модели веќе постои листа
на чекање подолга од една година, пренесува CNBC.
Купувачите на Ферари генерално се доволно богати за лесно да
го поднесат поскапувањето на своите омилени автомобили.
Ферари минатата година оствари одлични резултати,
забележувајќи раст на профитот од 21 отсто, достигнувајќи 1,5 милијарди евра,
објави ANSA.
Приходите на Ферари за минатата година пораснале за 11,8
отсто на 6,67 милијарди евра, а компанијата испорачала 13.752 автомобили.
Како што пренесе Bloomberg, добрите резултати се должат
главно на силната продажба во САД, која бележи раст од осум отсто во однос на
претходната година.
фото: Фактор