
Италијанците со нов капитен доаѓаат да ѝ се одмаздат на Македонија!
„Аѕурите“ доаѓаат со желба да ни се одмаздат за поразот во Палермо со кој ги елиминиравме во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 и тоа со нов предводник од клупата, кој со себе ангажира и нови луѓе во стручниот штаб и тоа Марко Доменицини, Даниеле Балдини, Салваторе Русо, Франческо Чинати и Марко Саворани.
Ди Лоренцо, според италијанските медиуми, е човек на Спалети, кој има голема доверба во него зашто двајцата претходно работеа заедно во тимот на Наполи, со кого станаа шампиони на Италија. Тој доаѓа на местото на ветеранот Леонардо Бонучи.
