
Италија се пласира во полуфинале на Дејвис Купот
Ван де Зандшулп славеше против Арналди, но пресвртот за Италија го обезбедија Синер и Сонего. Најпрво Синер славеше против Грикспор, а потоа Сонего заедно со Синер триумфираа против Колхоф и Грикспор во конкуренција на двојки.
Што се однесува до мечот меѓу Србија и В. Британија, во сингл-конкуренција ќе се соочат Кецмановиќ и Дрејпер, како и Ѓоковиќ против Нори, додека за двојки е закажан меч меѓу Лајовиќ и Ѓоковиќ против Салисбјури и Скупски.
