
Италија прва во светот воведува забрана за синтетичка храна: „Доста ни е од зелени глупости“
Италија ќе ја забрани вештачката храна, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида на состанокот на европските конзервативци и реформисти (ЕЦР).
Со ова, Италија ќе биде првата земја во светот што ќе го направи тој чекор.
„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна и сака да стане пример за другите како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида за време на видео повик на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина“ за European Farmers’, која ги собра водечките конзервативни политичари.
“A Itália proíbe o consumo de carne sintética”, anunciou o Ministro da Agricultura Francesco Lollobrigida.
— Verdades e Nada Mais (@VerdadeseNadaMa) October 4, 2023
Тој посочи дека е недозволиво квалитетна храна да се резервира само за богатите.
Со него во голема мера се сложи и европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчечовски (PiS/ECR), кој додаде дека тој се залага за традиционално земјоделство и дека синтетичкото месо не е месо, ниту синтетичкото млеко.
„Користењето на името „природен производ“ за нешто што е вештачко според мене не е добра насока“, рече тој, посочувајќи дека Европската комисија издвојува повеќе од шест милијарди долари за благосостојба на животните и традиционално одгледување.
Сепак, како што пишува „Еурактив“, земјоделскиот модел што го предлагаат конзервативците е спротивен од оној што го усвои ЕУ, за кој „Браќа Италија“, водечката италијанска партија, сметаат дека е премногу бирократски и несоодветен за новите предизвици со кои се соочува континентот.
„Фармерите, одгледувачите и рибарите плаќаат многу висока цена за идеолошката глупост на Европскиот зелен договор, кој ги казнува производителите со цели за намалување на емисиите, што само ќе доведе до намалување на производството на храна“, објасни претставникот во Европскиот парламент, Карло Фиданка од партијата „Браќа Италија“.
Italy bans lab grown meat. Italy bans Nutri-Score. Italy (Europe) bans artificial food dyes.
The world needs to follow suit.
The cow on pasture is going to be public enemy #1 for the next 10 years.
You will never recreate a steak in a lab.
— (@TheWarKitchen) May 5, 2023
„Намаленото производство на храна ќе биде заменето само со поголем увоз, од земји кои не ги исполнуваат нашите стандарди за одржливост и квалитет, или со производи од лаборатории за кои не можеме ништо со сигурност да кажеме“, додаде тој.
Со цел да се урне сегашниот европски систем, ЕЦР мора добро да се снајде на европските избори во јуни 2024 година и да најде сојузници за да формира алтернативно мнозинство на левицата во Европскиот парламент.
Фото: Принтскрин/Твитер
