
Италија против Англија ќе игра во специјални дресови – во чест на Џанлука Вијали (ФОТО)
Станува збор за легенда на италијанскиот фудбал, кој на 58-годишна возраст ја загуби битката со тешката болест. Тој беше дел од стручниот штаб на „аѕурите“.
„Лука, аѕуро засекогаш“, пишува на дресот со кој ќе играат Италијанците.
Италија воедно првпат по 15 години ќе настапи во дресови на компанијата „Адидас“, откако досега беше препознатлива по опремата од брендот „Пума“. Овие две селекции се и противници на Македонија, која е во истата квалификациска група.

