
Италија ни е крвник: Вторпат нѐ „мести“ да испаднеме во квалификации! (ФОТО)
На Македонија ѝ требаше вечерва помош од Италија за да оди во баражот за пласман во елитната рунда, ама таа помош не ја доби, па „аѕурите“ само успеаа да се изборат да не загубат, а со тоа и да нѐ елиминираат.
А, нешто слично ни се случи во 2015 година, исто така во мундијалски квалификации, како и актуелните, кога Италијанците нѐ испаднаа со минимален пораз од Словачка со 2-1. Во тој циклус Македонија имаше шест бода, колку и Италија, а Словачка три, па требаше Италија само да нѐ загуби. Ама, се случи спротивното. Италија имаше убедлива гол-разлика, победа против нас, па можеше да си дозволи секаков луксуз и тоа го направи.
Словаците кои беа аутсајдери победија со 2-1, па во групата со три селекции по шест бода, Македонија испадна поради најслаба гол-разлика.
Сега нешто слично ни се случи, а дека Италија нема да се претргне за да победи јасно беше и по првиот дел кога Шведска имаше 4-2, па водеше и со 6-4 на средина од вториот дел, за на крај Италија на 11 секунди пред крајот само даде гол за реми 7-7.