
ИСТРАГАТА ОДЕЛА ВО ПОВЕЌЕ ПРАВЦИ: Уште вториот ден уапсените биле осомничени
Веќе вториот ден од истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ од Бор, двајцата мажи кои сега се уапсени биле осомничени.
Полицискиот мајор Бојана Отовиќ Пјановиќ вели дека истрагата одела паралелно и континуирано во повеќе правци.
„Веќе вториот ден имавме информации дека се осомничени. Анализирајќи ги возилата кои минувале и по разговорот со мајката, која додека трагала по детето забележала бело возило „панда“. Со анализи и проверки констатиравме дека се работи за возило на ЈКП Водовод“, изјави Пјановиќ Отовиќ во гостувањето на РТС.
Веќе вториот ден е констатирано дека таму се движело белото возило „панда“ како и уште 16 други возила. Но, во ист правец се вратиле само две возила, меѓу нив и „пандата”. Девојчето исчезна на 26 март. Двајцата мажи признале дека ја удриле Данка со возилото, а потоа едниот од нив ја задавил и ја фрлиле на депонија.
