Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Македонското знаме на победничкиот подиум на УСА Опен
Македонија

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Македонското знаме на победничкиот подиум на УСА Опен

26/04/2025

AA

Тимот на Милошевски Маршал Артс, предводен од сенсеи Деја Милошевски, со гордост ја претстави Македонија на најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД, УСА Опен, кое собра повеќе од 2600 натпреварувачи од 40 земји.

На ова глобално сценарио, тимот постигна исклучителни резултати, а најголем успех донесе младата Бони, која ја освои бронзата во дисциплината кати на Интернационалниот јуниорски куп. За неа, ова беше огромно достигнување, особено бидејќи ова беше нивниот прв настап на глобално ниво.

Сенсеи Дејан, по неколку години со повреди и посветена подготовка, се врати на татамито и ја освои највисоката награда – златен медал во дисциплината кати (сите стилови), симболизирајќи ја непоколебливата решителност и силата на македонскиот дух.

„Овој успех не беше само лична победа, туку и победа на Македонија на глобалната сцена,“ изјави Дејан, кој исто така беше и дел од судискиот тим, работeјќи неуморно три дена, додека истовремено настапуваше како натпреварувач.

„Овој успех го посветувам на сите Македонци во дијаспората,“ додаде сенсеи Дејан, потврдувајќи дека неговата мисија е да ја носи Македонија и македонската заедница во светот, инспирирајќи нови генерации со карактер и посветеност.

Тимот докажа дека македонскиот карате не само што е силно присутен на светската сцена, туку и дека е пример за вредности и дисциплина што ја инспирираат идната генерација спортисти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
Македонија

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз

26/08/2026
Македонија

Штипјанка измамена за 4.713 евра: Лажен директор на финансиско друштво

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45273
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да застанете на 10 минути само

26/08/2026

Од 1 септември стапуваат на сила нови правила за сообраќај и паркирање на пристапната улица пред терминалната зграда на Меѓународниот

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во Скопје

26/08/2026

Граѓаните од денеска можат во секое време и на едно место да ја следат епидемиолошката состојба со западнонилската треска во

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026

Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар, на подрачјето на општина Гази Баба, информира Министерството за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy