Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Историски исчекор во државното здравство – вградени првите пенилни протези на Универзитетската Клиника за урологија
Македонија

Историски исчекор во државното здравство – вградени првите пенилни протези на Универзитетската Клиника за урологија

29/05/2025

AA

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција.

Овој иновативен третман е наменет за пациенти кај кои конвенционалните медикаментозни терапии не даваат резултати, особено за лица со долгогодишен дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, претходни обемни хируршки интервенции, жртви на сообраќајни несреќи и други здравствени состојби, поради кои, пенилната имплантација е крајно решение. Една од овие индикации е и Пејрониева болест, каде постои силно изразен деформитет на пенисот. Еректилна дисфунција е состојба кога пациентот не може да постигне или да одржи ерекција. Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат околу 30 проценти возрасни мажи. Со стареењето, процентот се зголемува, а причините, не секогаш се психолошки.

„Вградивме пенилни протези на двајца пациенти на возраст од 45 и 59 години, кои претходно се оперирани од карцином на простата, додека третиот страда од Пејрониевата болест — нарушување на сврзното ткиво на самиот полов орган, при што доаѓа до закривување на пенисот. Пациентите добро се опоравуваат, а проценките се дека по оперативниот зафат е потребен болнички престој од три денови. Со оваа процедура не само што овозможуваме значително подобрување на сексуалната функција кај пациентите, туку влијаеме позитивно и врз нивната психолошка стабилност и севкупен квалитет на живот. Протезната хирургија е врвот во реконструктивната урологија и се фокусира на обновување, не само на анатомијата, туку и на функцијата на урогениталниот систем кај пациенти со сериозни оштетувања.“, вели д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија, кој ги изведе операциите заедно со реномираниот уролог д-р Марчел Рaд од Медицинскиот факултет во Романија, член на Европскиот одбор за урологија.

Ваквите оперативни зафати целосно се покриени од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство. Клиниката предвидува годишна потреба од 15 протези. Досега, од Клиниката за Урологија ваквите пациенти се препраќаа во приватните и странските медицински центри, каде на ФЗОРСМ му се наплаќаше неколкукратно повисока цена.

“Како што оваа медицинска интервенција е достапна и покриена од здравственото осигурување во светските водечки медицински центри, така и кај нас, овие оперативни зафати, целосно се финансирани од Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија, што е голем исчекор и новина во рамките на јавното здравство.”, истакна директорот на клиниката, д-р Башким Шабани.

Постојат строги медицински критериуми на кој потенцијален пациент му е неопходна пенилна протеза. Стручниот колегиум на Клиниката индивидуално ги разгледува случаите и одлучува дали пациентот ги исполнува условите за ваков тип хируршка интервенција. Постојат два вида протези за еректилна дисфункција, кои ќе бидат хируршки вградувани на потенцијалните пациенти: поставување на инфлантибилна трокомпонентна пенилна протеза и поставување на семиригидна пенилна протеза.

Честопати еректилната дисфункција претставува прв симптом за идна кардиоваскуларна болест, дијабетес или хипертензија. Најчесто, лекувањето започнува со употреба на лекови. Доколку тие не помогнат или пациентот не смее да ги користи, следниот чекор е хируршко решение. Во такви случаи, според стручните препораки на Европската асоцијација за урологија, може да се вгради пенилна протеза – уред што овозможува мажот повторно да има нормална ерекција. Овој третман е ефикасен и може целосно да го реши проблемот кај мажи, кога другите терапии не даваат резултати.

„Со овој современ метод се поставуваат специјални цилиндри во кавернозните тела на пенисот, место кое нормално се полни со крв за време на ерекција. Цилиндрите се поврзани со мала пумпа, сместена под кожата помеѓу тестисите, така што пациентот лесно може да ја допре и активира. Системот функционира со помош на резервоар полн со стерилен физиолошки раствор, кој е сместен длабоко во карлицата, во близина на мочниот меур, и не се гледа однадвор. Кога пациентот ја активира пумпата, течноста се префрла од резервоарот во цилиндрите, што предизвикува ерекција. По завршување на односот, со едноставно притискање на копче, течноста се враќа назад во резервоарот, а пенисот се враќа во опуштена состојба.“, објаснува д-р Ивановски.

Имплантираната протеза може да почне да се користи шест недели по операцијата, а нејзиниот век на траење зависи од самата протеза, но и од начинот на однесување на пациентот. Како и кај секој хируршки зафат, постои ризик од компликации, како инфекции, кои се јавуваат во два до три проценти од случаите, потоа дефект на самата протеза, а како најсериозна, но ретка компликација, се наведува поместување на протезата од нејзиното лежиште. Ризикот од инфекција дополнително се намалува благодарение на антибиотскиото премачкување на силиконските цилиндри од пенилните протези, вградени кај пациентот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy