Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Историја за Израел: На дебито на Мундијалито дојде до полуфинале – го елиминира Бразил
Спорт

Историја за Израел: На дебито на Мундијалито дојде до полуфинале – го елиминира Бразил

03/06/2023

AA

Израел испиша историја на своето деби на Светските младински првенства за играчи до 20 години, откако вечерва со 3-2 по продолженија го елиминира втората најтрофејна земја во младинска конкуренција Бразил и обезбеди полуфинале на шампионатот во Аргентина.

Израелците кои беа причината СП за играчи до 20 години наместо во Индонезија (не сакаа да ги примат) да се игра во Аргентина, покажаа уште еднаш дека имаат неверојатно талентирана генерација, која импресионира не само резултатски, туку и со начинот на игра, па вечерва по 120 минутна битка беа поуспешни од младите „кариоки“ предводени од идната голема ѕвезда Андреј Сантос, кој е иден фудбалер на Челси.

Дор Тугерман му пресуди на Бразил со третиот гол во 105+3-та минута, откако Израел во третата минута од регуларниот дел преку Хамза Сибли се спаси од пораз по водството на Бразилците две минути рпетходно со гол на Матеус Насименто.

Маркос Леонардо погоди за прво водство во 56-та, а израмни Анан Калали во 60-та за да најави страшен трилер кој на крај заврши со хепиенд за Израелците.

Израел сега го чека победникот од утрешната пресметка на САД и Уругвај за да го дознае ривалот во полуфиналната битка за место во големото финале.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy