Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Исплатена е финансиска помош на граѓаните од социјално ранливи категории
Македонија

Исплатена е финансиска помош на граѓаните од социјално ранливи категории

28/12/2023

AA

Граѓаните од социјално ранливи категории денеска добија финансиска помош, согласно Законот за финансиска поддршка. Тука спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Средствата за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

– 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка,

– 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и

-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка се извршува без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Доколку, некои од граѓаните односно корисниците во категориите опфатени со овој закон, не добиле финансиска поддршка, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од осум дена од денот на извршената исплата на финансиската поддршка.

Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот.

Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот.

Граѓаните, приговорите ги доставуваат по електронски пат на следната електронска пошта [email protected], или во архивата на Министерството за труд и социјална политика, со назнака „До Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy