Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Исплатата на платите за вработените во културата е во тек и ќе заврши денеска
Македонија

Исплатата на платите за вработените во културата е во тек и ќе заврши денеска

24/04/2025

AA

Министерството за култура и туризам информира дека исплатата на платите за вработените во културните институции е во координација со Министерството за финансии и ќе биде целосно завршена денеска. Од Министерството додаваат дека дел од институциите веќе ја добиле својата плата и најавуваат официјална средба со Синдикатот на културата.

– Целосно сме посветени на решавање на проблемите со исплатата на платите. Веруваме дека социјалниот дијалог мора да продолжи, велат од Министерството.

Најавуваат и покана за средба со претставниците на Синдикатот, со цел да се разгледаат сите отворени прашања во духот на заемна почит и партнерство.

– Дијалогот е клучен за долгорочни решенија кои ќе обезбедат стабилност на културните институции и достоинство за културните работници. Работиме на одржливи резултати преку заедничка одговорност, нагласуваат од Министерството.

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратенички прашања, потврди дека платите се исплатуваат согласно Колективниот договор, иако, како што рече, договорот бил потпишан без согласност од Министерството за финансии.

– И покрај тоа, платите се исплатени со зголемување, според договорот кој веќе е истечен. Подготвени сме да седнеме со синдикатите и да разговараме за нов договор што ќе ѝ даде вистински сјај на културата. Културните работници заслужуваат вистински претставници, изјави Мицкоски.

Заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски, соопшти од собраниската говорница дека до крајот на денот ќе бидат исплатени сите културни установи.

– Исплатени се околу 87 милиони денари. Овој проблем се повторува со години. Сега Министерството за финансии сериозно се ангажира да го реши, изјави Јанкуловски.

Поради доцнењето на платите за март, Синдикатот на културата (СКРМ) одржа протестен совет пред Министерството. Претставниците побараа достоинствени услови за работа, почитување на Колективниот договор, транспарентно и професионално управување со институциите, стратегија за културен развој и нов Закон за култура со учество на културните работници.

СКРМ доби поддршка и од Сојузот на синдикатите на Македонија. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, повика на итна средба со министерот Зоран Љутков, предупредувајќи дека во спротивно ќе се разгледуваат и радикални чекори, вклучително и штрајк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy