Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Исплатата на парите од МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите течат континуирано, вели Петрова
Македонија

Исплатата на парите од МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите течат континуирано, вели Петрова

28/02/2025

AA

Елена Петрова, директорка на УЈП, изјави дека исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано.

Таа вели дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25 јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ.

-Во самиот процес се случува граѓани да променуваат трансакциски сметки, а УЈП доставува групни налози до Трезорот. Често ни ги враќаат заради угасени сметки во самиот тек на поврат на средствата. Доколку и само еден граѓанин ја угасне сметката се враќаат налози за други 8.000 граѓани и тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализацијата на услугата. Сепак, во секој случај граѓаните ќе ги добијат своите средства навреме, истакнаа од УЈП на денешната средба со новинарите.

За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.

И за повратот на ДДВ за компаниите, директорката Петрова рече дека се реализира континуирано.

-Средствата за поврат на ДДВ се исплаќаат континуирано. Побарувањата за поврат на ДДВ, УЈП ги разгледува малку потемелно и прави подлабински контроли. Во моментов кога дојдов на оваа функција наследивме и неодобрени побарувања, но и одобрени, а не исплатени. Тие се ставени на препроверка, меѓутоа самите бројки покажуваат дека во континуитет се реализира повратот на ДДВ, оцени Петрова.

Нагласи дека повратот на ДДВ е динамична материја.

-До 25 февруари се поднесени нови даночни пријави што значи дека има и нови барања за поврат на ДДВ. До крајот на месецов, што значи до утре, како и до 15 март е законскиот рок да поднесуваат исправки на даночни пријави за 2024 година за друга група на корисници што значи дека и тука ќе настана промени – некои побарувања ќе бидат повлечени или намалени, ќе дојдат нови побарувања. Тоа е динамична материја, појасни Петрова.

За истрагата за поврат на ДДВ за „фантомските фирми“ посочи дека УЈП ги заврши инспекциските контроли.

-Записниците од контролите кај тие 10-тина компании се доставени до истражните органи, до Управата за финансиска полиција и до Јавното обвинителство. Вкупната сума на утврден непријавен и помалку платен данок во овие контроли изнесува околу четири милијарди денари, прецизира Петрова.

За повратот на ДДВ заостанат од претходната влада, рече дека се расчистува тековно освен за некои случаи за кои, додаде, можеби не се завршени контролите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВЛЕГУВА НА СЦЕНА, НАЈАВИ НИКОЛОСКИ Поголем избор

13/01/2026
Македонија

„МОЈ ДДВ“ НЕ ГО ДАДЕ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ: Петрова вели дека

13/01/2026
Македонија

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕ СЕ УКИНА ВО 2024 ГОДИНА ПОРАДИ ДОГОВОР

13/01/2026
Македонија

Пожар во стан во Тетово, едно лице загинато, едно повредено

13/01/2026
Македонија

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе

13/01/2026
Македонија

Апел до возачите на Попова Шапка: Отстранете ги возилата, патот

13/01/2026
Македонија

ИЗДАДЕНА ЕВРООБВРЗНИЦАТА, СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ПОКАЖАЛЕ ИСКЛУЧИТЕЛЕН ИНТЕРЕС Македонија доби доверба

13/01/2026
Македонија

ДУИ потврди: Али Ахмети ќе присуствува на лидерската средба повикана

13/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40135
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВЛЕГУВА НА СЦЕНА, НАЈАВИ НИКОЛОСКИ Поголем избор и натпревар за подобри услуги

13/01/2026

Во „Тема на денот“ на ТВ Сител гостуваше вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми

„МОЈ ДДВ“ НЕ ГО ДАДЕ ПОСАКУВАНИОТ ЕФЕКТ: Петрова вели дека нема одлука за укинување, но

13/01/2026

Иако во моментов не се разговара за укинување на популарната мерка „Мој ДДВ“, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП),

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕ СЕ УКИНА ВО 2024 ГОДИНА ПОРАДИ ДОГОВОР НА СДСМ И ДУИ Ако

13/01/2026

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер во Владата, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy