
Испишани графити и запалено македонското знаме во Куманово – на приватен објект поставено албанското знаме!
Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата „Железничка станица“ каде биле испишани графити, било запалено македонското знаме и било поставено знаме на соседна земја, соопштија денеска од полицијата. Случајот во полицијата бил пријавен вчера, кога бил извршен и увид. – Вчера во 16:28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект […]

