Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИСОС: Патот кон прифаќање на меѓународните сметководствени стандарди и професионални принципи не е лесен, но е единствен и затоа мора да го поминеме
Македонија

ИСОС: Патот кон прифаќање на меѓународните сметководствени стандарди и професионални принципи не е лесен, но е единствен и затоа мора да го поминеме

09/11/2023

AA

Во пресрет на 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) упати честитка до сите поединци и деловни субјекти кои ја извршуваат оваа исклучително значајна професија во нашата земја, истовремено потсетувајќи на нејзината улога и значење за економскиот и вкупниот општествен развој.

„Една од основните цели на ИСОС е унапредување на сметководствената професија во нашата земја и нејзино издигнување на исто рамниште, пред сѐ со земјите во регионот, а потоа и со членките на ЕУ и на останатите развиени земји во светот. Свесни сме дека оваа цел може да се оствари само доколку обезбедиме во нашата земја да доследно да се почитуваат законските прописи, како и принципите за интегритет, објективност, професионална компетентност, доверливост и професионално однесување кои се дел од Меѓународниот кодекс за етика на професионалните сметководители, донесен од страна на Интернационалната федерација на сметководители (ИФАК) и се воведат и користат меѓународните стандарди за финансиско известување. Овој пат е тежок, но не постои полесен и сите ние мора да го поминеме“, истакна претседателката на ИСОС Весна Прентоска во својата честитка по повод Меѓународниот ден на сметководството, упатена до сите сегашни и поранешни членови на Институтот, како и до сите останати кои се дел од оваа професија и на различни начини придонесуваат за нејзиниот развој и етаблирање во општеството.

Осврнувајќи се на потребата од воведување и примена на меѓународните сметководствени стандарди во нашата земја, претседателката на ИСОС истакна дека со нив ќе се обезбеди конзистентност на финансиските извештаи и нивна споредба на глобално ниво, што е исклучително значајно за домашните компании, бидејќи ја зголемува нивната ефикасност и конкурентност, креирајќи нови можности за инвестиции и соработка со други компании во глобални рамки.

Најголема полза од овој процес ќе имаат самите сметководители, затоа што работењето според меѓународни стандарди гарантира поголем квалитет и висок степен на професионалност, што значи и поголемо вреднување на нивниот труд. Тоа ја става целата професијата на највисоко ниво и значајно придонесува за истиснување на нелојалната конкуренција во струката, која моментално е присутна. Дополнително, од примената на меѓународните сметководствени стандарди придобивки ќе има и државата, затоа што тоа ќе придонесе за подобра и поефикасна наплата на даноците, намалување на даночната евазија и на сивата економија, која од различни релевантни извори е оценета како особено изразен проблем и  пречка за развојот на националната економија.

„Примената на етичките норми и принципи пропишани со меѓународниот кодекс, како и на меѓународните сметководствени стандарди ќе ја зголеми атрактивноста на нашата професија, особено меѓу младите, и истовремено ќе нѐ приближи кон полноправно членство во Интернационалната федерација на сметководители (ИФАК) која ги застапува интересите на повеќе од три милиони професионални сметководители ширум светот и која обезбедува пристап до најдобрите светски практики од оваа област и нивна примена во нашата земја“, потенцираше Прентоска.

Институтот на сметководители и овластени сметководители  e професионално здружение, основано согласно Законот за вршење на сметководствени работи кое обезбедува организирано делување и застапување на интересите на неговите членови. Институтот е независна, неполитичка и непрофитна организација во која членуваат повеќе од 8000 сметководители и овластени сметководители кои ја извршуваат оваа дејност во нашата земја, без оглед на нивната национална, верска, родова, политичка и друга припадност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy