
Исмет Гури избегал од куќен притвор, недостапен е за органите на прогонот
Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ Исмет Гури е недостапен за органите на прогонот. Според наши информации, Исмет Гури послетно беше во куќен притвор, откако судот го ослободи од затвор поради потребите за редовно примање терапија.
Тој е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за кои обвинителството објави минатата година.
Осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.
