
Искри во Мадрид: Симеоне и Кел се фатија „за гуша“ (ВИДЕО)
Во главна улога беа тренерот на домашниот тим Диего Симеоне и спортскиот директор на гостите Себастијан Кел кои влегоа во клинч поради една ситуација на теренот. Кел беше лут затоа што противничките фудбалери не ја исфрлија топката во аут додека на теренот беше Емре Џан и жестоко реагираше на тоа.
Симеоне не премолче, му се внесе в лице, па дури и го оттурна и мораше да реагираат официјалните лица на натпреварот за да не дојде до физичка пресметка.
