
Исчезна струмичанецот Роберт Дрвошанов – семејството апелира за помош
Дрвошанов Роберт, 39-годишен жител на Струмица, е пријавен како исчезнат вчера околу 14:00 часот.
Во моментот на исчезнувањето, тој бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа, бели патики и носел црн ранец.
Семејството апелира до сите граѓани кои имаат било каква информација за неговото движење да се јават на телефонскиот број 077/619-822 – Љубинка, мајка на исчезнатиот.
Сите информации, дури и најмалите детали, можат да бидат клучни за негово пронаоѓање.
