
Исчезна Билјана, последен пат видена во село Крушеани со автомобил Audi A4 – доколку ја забележите веднаш јавете се во полиција!
Семејството Јандрески со голема загриженост апелира до јавноста за помош во пронаоѓањето на Биљана, која е исчезната повеќе од 24 часа. Нејзината сестра Соња Јандреска преку социјалните мрежи објави дека последен пат Биљана била видена во селото Крушеани, од каде заминала со своето возило – Audi A4, темно мастилна боја, со регистарски таблици PP 7822AG.
По заминувањето, сите траги ѝ се губат, а нејзиниот мобилен телефон е недостапен.
Семејството е во очај и со солзи бара помош од граѓаните.
„Ве премолувам, помагајте. Мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива“, напиша Соња во својот јавен апел, придружен со симболи на болка и тага.
Сите кои имаат било каква информација или ја забележале Биљана или возилото, се замолуваат итно да се јават кај семејството Јандрески или да ја известат најблиската полициска станица.