
Јирген Клоп го избра наследникот на Хендерсон за нов капитен на Ливерпул!
Тој е 21. предводник меѓу фудбалерите во историјата на „црвените“, со што влезе во елитно друштво меѓу имиња како Рони Вилан, Џејми Редкнап, Стивен Џерард…
„Ова е гордост за мене и мојата фамилија, чувството е неверојатно и не можам да го опишам со зборови. Да бидеш капитен на Ливерпул е нешто непроценливо. Ќе дадам се од себе за достојно да ја вршам улогата“, изјави Холанѓанецот.
Улогата на негов заменик ќе ја има Трент Александар Арнолд.
