
Инзаги го помина Алегри и е нов рекордер во Серија А
Триумфот беше специјален за тренерот на „нераѕурите“, Симоне Инзаги кој на тој начин стигна до 200. победа во италијанскиот шампионат во кој, освен на Интер, беше и на клупата на Лацио. До бројката од 200 победи, италијанскиот стручњак на 332 натпревари со што го собори рекордот на Масимилијано Алегри на кого му требаа 338 меча за да ја мине оваа граница.
Следна цел за Инзаги ќе биде да ја одбрани титулата во Серија А и да се впише во листата на тренери на кои им успеал тој подвиг.