
ИНВЕСТИТОРИ НАВАЛИЈА НА „МАКПЕТРОЛ“ – помина блок од 60 илјади евра, а „жешко“ беше и на редовниот пазар
Сума од близу 60 илјади евра платил извесен инвеститор за да купи количина од 42 акции на компанијата „Макпетрол“, преку блок трансакција која вчера беше објавена преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Инвеститорот, со оглед што трансакцијата е за однапред познат купувач, за акциите платил сума од по 87 илјади денари за акција, со што вкупната вредност на трансакцијата е 3,65 милиони денари, или 59.400 евра.
На последното вчерашно редовно тргување на берзата цената на акциите на оваа нафтена компанија била речиси идентична, или нешто малку повисока, и изнесувала 87.096 денари за акција, ниво на кое отприлика се држи повеќе денови наназад.
Она што треба да се истакне е дека во текот на вчерашниот ден и на редовниот пазар била истргувана прилично поголема количина на акции, односно својот сопственик го смениле 130 акции, за разлика од другите денови кога вообичаено се тргуваат меѓу 2 и 20 акции.
Што значи дека во тргувањето со макпетрол е „свртена“ сума од 184 илјади евра.
Н.Н.Ф.
