Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инвеститор што бил поканет од државата да вложува, остава вработени во неизвесност?
Економија

Инвеститор што бил поканет од државата да вложува, остава вработени во неизвесност?

27/03/2025

AA

Најголемата фармацевтска компанија од Албанија, ЦФО Фарма, е еден од сопствениците на приватната болница „Оне Хоспитал“ од Тетово, чии вработени вчера излегоа на протест поради нередовна исплата и доцнење на платите и придонесите.  

Албанската компанија за продажба на лекови на големо е сопственик на оваа болница од јануари 2024, а инаку на вчерашниот протест во медиумска изјава претставник на вработените рече дека проблемите започнале пред речиси две години со промената на сопственичката структура и менаџментот.

One Hospital своевремено започна со работа во медицинскиот центар во Тетово со 100 вработени и две поликлиники во Скопје и Гостивар. Во меѓувреме сопственикот „Динчер Глобал“ се нашол на удар на доверители и извршители, според податоците од Централен регистар. Во овој период албанската CFO Pharma, преку својата филијала во Македонија, ЦФО Пхарма Интернатионал, влегува во сопствеништвото на „Динчер Глобал“ и доаѓа до промена на директорот. 

Интересно е тоа што Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во 2023 на средба во Тирана ја поканиле CFO Pharma да инвестира во Македонија, иако македонската подружница ЦФО Пхарма Интернатионал е основана уште од 2017. ЦФО Пхарма Интернатионал има и филијала за продажба на лекови на големо во Тетово.

„CFO Pharma располага со модерна и напредна инфраструктура за дистрибуција на фармацевтски производи, покрај тоа имаат квалификуван кадар со искуство во индустријата и ги следат високите стандарди за квалитет и безбедност“, гласеа тогашните пофалби упатени од агенцијата.

– Се обраќаме до приватната општа болница „Оне Хоспитал“ Тетово, како и до сите надлежни институции во име на сите претходно вработени колеги кои неволно и приморано ја напуштија болницата. Целта на ова обраќање е да се информира јавноста што точно се случува. Со промена на сопственоста и менаџментот на болницата пред речиси 2 години, дојде до несакани однесувања и непочитување кон медицинскиот персонал кој и онака е во недостиг во Македонија. Однесувањето беше најнапред со доцнење на месечните плати и надоместоци, сè до комплетна неисплата, при што вработените останаа без основни средства за живот, без пензинско и здравствено осигурување што си носеше за секое семејство различни непријатни последици – рече докторката Билјана Божиновска, специјалист радиолог во изјава што ја пренесе „Слободен Печат“.

Тековен и поранешен медицински кадар од „Оне Хоспитал“ Тетово барале да им се исплатат платите и надоместоците што ги изработиле. Се работело за илјадници евра, а неплатени им се и ноќни часови. За проблемот пријавувале во Управата за финансиска полиција, Државниот трудов инспекторат, Управата за јавни приходи, но институциите останале пасивни.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy