
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ
Инвеститорот од ОАЕ, Мухамед Алабар, сака да инвестира во Големата плажа (Велика плажа) крај Улцињ која се смета за природно богатство на Црна Гора и долга е 15 километри.
На оваа информација и претходеше минатонеделната одлука на Владата на Црна Гора да се согласи на меѓудржавен меморандум со Емиратите за инвестиции во вредност од 30 милијарди евра.
Владите на Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати завчера на свеченост во Претседателската палата во Абу Даби потпишаа договори за економска соработка и заеднички инвестиции.
Засега има и страни во Црна Гора кои на ваквиот договор гледаат скептично и оставаат можност за злоупотреби. Општината Улцињ смета дека проектот не е транспарентен и дека Големата плажа „не е на продажба“, а за тоа, како што рекоа, ќе биде известен инвеститорот и амбасадорот на ОАЕ.