
ИНВЕСТИТОР ОД АБУ ДАБИ ЌЕ ИНВЕСТИРА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО КРИПТО БЕРЗАТА БАЈНЕНС: Ова е најголемата поединечна инвестиција во крипто компанија
Инвестициската групација MGX со седиште во Абу Даби објави дека ќе инвестира 2 милијарди долари во најголемата светска крипто берза Binancе, објави Танјуг.
„Оваа трансакција, прва институционална инвестиција во Binance до денес, означува значаен чекор во унапредувањето на усвојувањето на дигиталните средства и зајакнувањето на улогата на блокчејн во глобалните финансии. Тоа е, исто така, најголемата поединечна инвестиција во крипто компанија и најголемата инвестиција некогаш платена во криптовалути (стабилкоини)“, се вели во соопштението на берзата.
Стабилкоините се криптовалути чија вредност е поврзана со стандардните валути издадени од банка, како што е американскиот долар или со стоки како што е златото.