
ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЗЛАТНИ ПРАЧКИ И МОНЕТИ: Ова доживува бум и во земја од регионот
Инвеститорите купуваат златни прачки и монети и тоа им донесе профит.
Вредноста на продажбата на инвестициското злато во Хрватска се зголеми од 50 милиони евра пред шест години на околу 350 милиони евра лани, пренесува Дневник.хр. Експертите за благородни метали предвидуваат дека Хрватите годинава би можеле да вложат над 500 милиони евра во злато.
Трговските војни и економските ризици предизвикани од пандемијата на коронавирус, војните во Украина и Блискиот Исток, а потоа и одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царински мерки, се причина за зголемениот раст на цената на златото од 2020 година до денес. Во изминатите 5 години, вредноста на златото се зголеми за 77 отсто.