Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инвестициите во антимон носат нови работни места и приходи
Македонија

Инвестициите во антимон носат нови работни места и приходи

15/04/2026

AA

Развојот на рударството во Македонија може да донесе сериозни економски бенефити, меѓу кои нови вработувања, пристап до нови пазари и раст на јавните приходи, покажуваат проценките на Светскиот економски форум.

Во последниот период, властите сè поинтензивно се фокусираат на искористување на минералните ресурси како двигател на економијата. Како значаен пример се посочува инвестицијата за ископ на антимон кај Крива Паланка, која е поддржана со финансиски средства од САД и од која се очекуваат значајни приходи за државата.

Македонскиот антимон го привлече светското внимание уште кон крајот на минатата година, кога за овој наш ресурс пишуваше Центарот за енергенси и материјали на Светскиот економски форум. Во статијата на СЕФ беше истакнато дека западните земји-сојузнички треба да ги искористат своите извори, особено поради трговската војна за критичните минерали на релација Вашингтон-Пекинг. Поради обемната експлоатација на антимон во Кина, во тој период, како што додава Светскиот економски форум, цените на овој минерал скокнале на речиси 50.000 американски долари за тон.

„Рударските проекти за антимон што некогаш се сметаа за премногу мали, далечни или сложени сега привлекуваат сериозно внимание. Оваа промена отвора нови пазари и ја зајакнува соработката меѓу сојузничките земји. Во региони во Централна и Источна Европа, односно во Северна Македонија и Словачка, но и Централна Азија, земјите работат на рестартирање на неактивните рудници за антимон“, пишува во статијата на СЕФ.

Според експертите на Светскиот економски форум, овие наоѓалишта го репозиционираат антимонот како стратешка пресвртница за тоа како Западот пристапува кон критичните минерали. 

„Ова е шанса… Доколку владите и индустријата можат да го сторат ова правилно, антимонот би можел да стане модел за градење отпорност пред да се појави следната точка на застој во синџирот на снабдување со критични минерали“, истакнуваат светските економски експерти.

Домашните експерти веќе укажаа дека и покрај тоа што Македонија располага со значајни геолошки потенцијали, рударската и минералната индустрија се соочувала со низа структурни, институционални и пазарни ограничувања кои бараат долгорочен стратешки пристап. Во Стратегијата за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини 2026-2046, се наведува дека развојот на домашното рударство е добредојдено.

„Проширувањето на рударската и минералната индустрија вклучува огромни инвестиции во делови од земјата каде што таквите инвестиции беа долго време видливо отсутни. Ова е добредојден развој, но исто така со себе носи суштински барања. Заедниците што растат заедно со рударската индустрија, исто така, мора одржливо да се изградат. Мора да се создадат атрактивни животни средини кои обезбедуваат висок стандард на населението и да се избегнат ситуации кога работната сила се иселува“, се наведува во новата Стратегија за минерални суровини.

Во неа се истакнуваат и економските придобивки од рударските проекти преку средствата за вработените, доходот на капиталот и добивката на компанијата и индиректните производни даноци (ДДВ и царинските давачки). Во текстот се додава дека македонската економија како мала отворена економија треба да работи на градење на модел кој ќе биде базиран на извоз каде секторот рударство и вадење на камен ќе има свој придонес имајќи го предвид фактот дека овој сектор е извозно ориентиран и неговиот придонес може да биде од исклучителна важност. 

„Еден денар вредност на производство што го создава секторот рударство и вадење на камен генерира дополнителни 0.3 денари производство во другите сектори и дејности кои на некој начин се поврзани со производните процеси на компаниите од секторот рударство“, се потенцира во Стратегијата.

Антимонот е еден од стратешките минерали по кои трагаат светските играчи, а Македонија дополнително во значителен обем го поседува и бакарот, како критичен минерал чија побарувачка и цена континуирано растат. Во Стратегијата се вели дека Македонија е релативно добро рангирана на светско ниво во однос на државите во регионот за капацитетите на бакар. Само околу 400 илјади тони бакар беа проценети во наоѓалиштето во Иловица. Инвеститорите во овој рудник најавија почетна инвестиција од 340 милиони евра, очекуваат зголемување на БДП за 3% на годишно ниво, просечна вредност на извоз од околу 180 милиони евра на годишно ниво и 500 директни и над две илјади индиректни вработувања.

Инвестициите во рударството се очекува да го кренат македонското рударство кое во последните 40 години не можеше да се пофали со крупни проекти. Заводот за статистика минатата недела објави дека индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6%. додека бројот на работниците во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, во секторот рударство се намалил за 6.3%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на

20/06/2026
Македонија

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште

20/06/2026
Македонија

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари

20/06/2026
Македонија

Намалување на цената на горивата од понеделник, најави Мицкоски

20/06/2026
Македонија

Долги колони утрово на граничните премини кон Грција: се чека

20/06/2026
Македонија

Списокот за новиот владин кабинет до 1 јули пред пратениците,

20/06/2026
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Парада на гордоста во Скопје, се бара правно признавање на родот, Закон за матична евиденција,

20/06/2026

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денес од фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк започна осмата Парада на гордоста во

Регистрирани десет пожари на отворен простор, еден е сè уште активен

20/06/2026

До 18 часот, на територијата на целата земја се регистрирани десет пожари на отворен простор, од кои девет се целосно

ССМ: На четиричлено семејство му се потребни над 68.000 денари месечно; храната „голта“ третина од

20/06/2026

Четиричлено семејство во Македонија во јуни 2026 година имало потреба од најмалку 68.654 денари за покривање на основните месечни трошоци,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy