Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција
Економија

Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција

15/10/2024

AA

Министерството за енергетика, минерални суровини и
рударство на Република Северна Македонија ги продолжува своите активности
насочени кон зелена енергетска транзиција и намалување на емисиите на јаглерод.
Преку значајни инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна
гасификација на државата, се создаваат услови за енергетска ефикасност и
технолошки развој. Овие активности ќе обезбедат доверлив и одржлив пристап до
енергија за граѓаните и стопанството, истовремено заштитувајќи ја животната
средина.

Министерката за енергетика, минерални суровини и
рударство, Сања Божиновска, учествуваше како панелистка на настанот за
презентација на резултатите од мониторирањето на квалитетот на воздухот во
рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, каде истакна дека
енергетската транзиција е приоритет за Владата на Република Македонија.

„Декарбонизацијата и диверзификацијата на
обновливите извори се клучни цели во процесот на зелена транзиција. Во оваа
насока, продолжуваме да ги прошируваме капацитетите за обновлива енергија, преку
инвестиции во фотонапонски електрани и ветерни паркови. Исто така, Министерството
развива политики за искористување на други извори на енергија, како биомаса, биогас
и геотермална енергија, со цел да ја искористиме целосната енергетска
потенцијалност на нашата земја“, изјави министерката Божиновска.

Таа дополнително истакна дека целосната
гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска
транзиција. „Гасификацијата ќе овозможи значителни придобивки за општините во
однос на намалувањето на загадувањето на воздухот и ќе овозможи изградба на
когенеративни електрани, кои ќе бидат носечки извори на базна енергија во
наредните децении,“ изјави министерката. „Преку гасни интерконектори со Грција,
Србија и Косово, Македонија ќе го зајакне својот енергетски капацитет и ќе ја зајакне
својата позиција во Југоисточна Европа, придвижувајќи се кон целосна енергетска
независност,“ додаде таа.

Настанот, организиран во рамките на проектот
„Справување со загадувањето на воздухот“, кој го спроведува УНДП во партнерство
со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините
Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, претставува значаен чекор кон
заедничките напори за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на
животната средина во Република Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy