Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година
Економија

Инвестицијата која не ја открива Мицкоски, „Фактор“ ја најави уште пред повеќе од една година

03/09/2024

AA

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе го открие името на нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, но веќе се знае дека тоа е компанијата BMZ, која е дојдена во Македонија пред повеќе од една година и за која „Фактор“ тогаш ги објави деталите.

Истовремено оваа инвестиција ја најави и германската стопанска комора во земјата. Најголемиот европски производител за литиум – јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна ги реализира најавите за инвестирање во Македонија со регистрирање на своја компанија во Скопје уште лани во јули.

Тоа значи дека и Македонија ќе биде индустриски извозник на литиум – јонски батерии, кои економистите во последно време ги нарекуваат „новото злато“. Македонија има скромен удел во извозот на овој вид батерии, што најчесто се користат за напојување на мобилни уреди, со само 2.000 долари во 2019 година,  покажуваат податоците на World’s top exports. Спорд информациите на „Фактор“, БМЗ Холдинг во Македонија ќе произведува батерии за помали возила, како тротинети и велосипеди.

„Да, веќе утре, по напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци што се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување нов камен-темелник на компанија што доаѓа од Германија“, најави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека инвестицијата е приближно од 60 до 65 милиони евра, приближно 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:

„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата, односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува домашниот бруто-производ“.

„Така што, еве, да почекаме до утре, па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy