Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија – Богданци
Економија

ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден автопатот Гевгелија – Богданци

22/06/2025

AA

Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри, инвестиција од пет милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП), дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци. Делницата е целосно рехабилитирана, изваден е стариот асфалт, тампонот и постелката и поставена е нова постелка, тампон и два слоја нов асфалт.

Рехабилитиран е и мостот пред Богданци на кој му се зајакнати столбовите, направена е хидроизолација и ставени се два слоја нов асфалт. Направени се и бетонски и земјени одводни канали покрај патот кои овозможуваат патот да биде постабилен и подолготраен.

На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

-За мене претставува посебна чест и задоволство и јас да сум присутен на овој настан заедно и со министерот и заменик-претседател на Владата Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски. Покрај сите проекти коишто прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам дека во моментот со завршување на вториот повик за аплицирање на проекти коишто ќе ги финансираме од државниот буџет, а се однесуваат на општините, плус оние коишто беа од првиот повик, вкупно ќе имаме околу 1.200 градилишта, нешто што не се случило никогаш до сега во независна Македонија, одеднаш на 1.200 точки да се работи нешто, што е многу важно, рече премиерот Мицкоски во својот говор.

Кога на тоа ќе ги додадеме и сите проекти коишто се завршуваат, отпочнуваат а се надвор од оваа програма ги финансира Владата и јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата, додаде, доаѓаме до импресивна бројка од 1.500, нешто коешто навистина претставува реткост.

-Сега имаме би рекол исклучително чуден случај, дали нашата градежна оператива сето ова ќе може одеднаш да го совлада и да го изработи. Ќе имаме состанок во Стопанската комора во петок заедно со Николоски и Трајановски  со претставниците на Стопанската комора и градежната комора каде ќе разговараме да направиме план и динамика, затоа што сакаме што е можно повеќе македонски градежни компании, македонска градежна оператива да ги исполни обврските поврзани со сите овие градилишта, рече Мицкоски.

Потсети дека пред една година во земјава речиси ништо не се градеше, а сега, како што рече, се гради и ќе продолжи да се гради.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека изградбата на патниот правец Гевгелија – Богданци има огромно значење за развој на регионот, бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите.

-Значи за Богданци, за Гевгелија, за Валандово и Дојран и за целиот регион затоа што им овозможува подобра комуникација на сите овие општини и населени места, рече Николоски.

Нагласи дека ова беше еден од заглавените проекти кои што ги наследиле, но, посочи, еве се завршува, имаме еден нов модерен пат, пат кој целиот овој регион го поврзува со коридор 10. 

-Преку тоа го поврзува регионот со Гевгелија и со соседна Грција и Србија, го поврзува со главниот град Скопје и овозможува многу можности како за бизнис така и за размена, за студентите побрзо да стигаат до факултетите, земјоделците побрзо да ги продаваат своите производи и за сите кои живеат во овој дел за еден побрз напредок, рече Николоски.

Му се заблагодари на премиерот за поддршката и додаде дека големи проекти не се реализираат без поддршка. 

-Ние сме на дневна основа во комуникација и координација  и без премиерот и без неговата поддршка ни овој проект немаше да е возможен, истакна вицепремиерот Николоски. 

Директорот на ЈПДП Трајановски нагласи дека на делницата е направена целосна нова вертикална и хоризонтална сигнализација, поставени се нови знаци и има ново одбележување на патот.

-Сето ова е завршено навреме. Патот е почнат во јуни 2024 година и се завршува сега во јуни 2025 година. Завршен е во рокот, рече Трајановски и им се заблагодари на сите институции кои учествуваа во градбата на патот, како и на премиерот и вицепремиерот.

Посочи дека во моментов има многу интензивна градежна активност низ целата држава.

-Ова е четврти пат што го пушта ЈПДП за една година, а уште два патни правци набрзо ќе бидат пуштени во употреба, потенцира Трајновски. 

Со информацијата се пофали и министерот за транспорт, Александар Николоски.

„Со изградба на патот Гевгелија – Богданци ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија, објави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра!

Благодарност за сите кои се вложија во реализацијата на проектот, на вредните работници кои што работеа на овој проект!“, напиша тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува

01/11/2026
Македонија

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији

01/11/2026
Македонија

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница

01/11/2026
Македонија

Мицкоски по поразот во Брвеница: „Ние со програма, тие со

01/11/2026
Македонија

КОВАЧКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЈАХИЈ ЗА ПОБЕДАТА ВО БРВЕНИЦА Од

01/11/2026
Македонија

КАНДИДАТОТ НА ДУИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА СО РАЗЛИКА ОД 201

01/11/2026
Македонија

ВРЕДИ ОДИГРА УЛОГА НА ТРОЈАНСКИ КОЊ ВО БРВЕНИЦА Стојаноска оцени

01/11/2026
Македонија

МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ

01/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46495
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БРВЕНИЦА ЗАСЛУЖУВА ПРОЕКТИ, А НЕ ПОДЕЛБИ Манасиевски порача дека продолжува поддршката од Владата за општината

01/11/2026

ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на жителите на општина Брвеница кои го дале својот глас за кандидат Стојанчо Радичевски, кој загуби

ДИК ГИ ОБЈАВИ КОНЕЧНИТЕ БРОЈКИ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Јахији освоил 4.442 гласови, а Радичевски

01/11/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, предводена од ДУИ, е победник на предвремените избори за градоначалник во Општина

САМИ ПРОТИВ СИТЕ Мицкоски им порача на жителите на Брвеница дека ќе ја имаат поддршката

01/11/2026

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy