
Инвазија од пчели го прекина мечот меѓу Алкараз и Зверев (ВИДЕО)
Дуелот е прекинат на почетокот од третиот гем, при резултат 1-1 затоа што на теренот е забележана инвазија од пчели. Рој вакви инсекти прво го нападнаа Алкараз кој почна панично да бега и замина во поттрибинскиот простор, а потоа и главниот судија кој се обиде да се заштити и го прекина дуелот.
Паузата трае повеќе од половина час, гледачите засега се безбедни и не ги напуштаат своите места, но не се знае кога ќе продолжи натпреварот.